Тикрит: Двајца американски војници загинаа во експлозија на мина

Двајца американски војници загинале, а четворица биле ранети кога нивното возило налетало на мина во ирачкиот град Тикрит. Од завршувањето на големите воени операции во Ирак на први мај минатата година, досега во таа земја загинале 269 американски војници.