Мадрид: Три дневна жалост по вчерашните бомбашки напади

Во Шпанија започна три дневна жалост по вчерашните бомбашки напади во Мадрид во кои, според последните податоци, најмалку 198 луѓе загинаа, а повеќе од 1400 се повредени. Како што јавуваат агенциите, 370 лица се и натаму хоспитализирани. Во Мадрид во текот на целата ноќ траеа демонстрациите кои според најавите денеска ке продолжат во целата држава и вечер ке завршат со голем собир во главниот град организиран од владата. Според шпанските власти, сите опции се отворени за тоа кој стои зад симултаните експлозии во железницата во Мадрид. Групата Абу хафс ал Масри поврзана со Ал Каеда испрати порака во која ја прифаќа одговорноста за нападите. Полицијата откри детонатори и лента со Коранот. Шпанската влада иницјално за нападите ја обвини Баскиската сепаратистичка група ЕТА и таа останува во фокусот на истрагата. Според аналитичарите, доколку се утврди дека за нападот стои ЕТА гласачите на изборите в недела би можеле да се свртат кон владеачаката партија поради нејзиниот тврд став кон баскиските сепаратисти. Доколку пак станува збор за Ал Каеда, гласачкото тело би можело обратно да реагира поради подршката на официјален Мадрид на Вашигтон и Лондон за војната во Ирак. Меѓународната заедница силно ги осуди бомбашките напади во Мадрид.