Загреб: НАТО бара промена на уставот на Хрватска

Хрватска ја очекува промена на Уставот, бидејќи сегашниот, кој одредува трупите да се испраќаат во странство само со одлука на Саборот, е спротивен со доктрините на НАТО. Според важечкиот Устав, хрватските вооружени сили можат да излезат и дејствуваат надвор од земјата врз основа на одлуката на Саборот, која се донесува исклучиво со двотретинско мнозинство гласови од сите пратеници. НАТО има принцип на автоматски ангажман доколку биде нападната една од членките на Алијансата, па долготрајните политички расправи и штетат на ефикасноста на НАТО, затоа од потенцијалните земји-членки се бараат поголеми овластувања на извршните власти, пишува денеска весникот „Јутарњи лист".