Македонските дипломати не очекуваат промени

Нема простор за радикализам на политички и економски план во чекорите на Грција кон Македонија, по победата на десничарската Нова Демократија на Костас Караманлис, велат македонските диполамти. Тие објаснуваат оти и левицата и десницата има речиси идентични ставови по однос на клучни прашања од надворешната политика

„Не очекувам значајни промени во негативна смисла. Со промената на власт, сметам дека во неколку битни делови од грчката надворешна политика како што се грчко-турските односи, кипарското прашање, регионалната соработка и состојбите на Балканот, односите со ЕУ и НАТО, а со тоа и односите со Македонија се дел на би-партизанска или единствена консензуална политика на двете поголеми политички партии во Грција. Според тоа не очекувам битни промени во односот спрема Република Македонија, и во однос на решавањето на крајно апусрдниот спор во врска со името.“

Изјави Алекасандар Димитров поранешен шеф на македонската дипломатија. И Мухамед Халили од Министерството за надворешни работи смета дека не може да се очекуваат некои порадикални чекори во однос на прашањето за името на земјава:

„ Некој посуштествени промени во однос на рефлексијата на резултатите на изборите кон генералната политика кон Република Македонија нема да биде од суштински карактер. Нема да има некои порадикални чекори во однос на разрешувањето на спорот со името, бидејќи тоа е еден жежок костен во рацете на сите политички партии во Грција.“

Во контекст на влезот на грчките инвестиции, Халили посочува оти тоа во голема мера зависи од македонската страна и додава

„Не беа Грците тие кои застанаа со инвестиции во нашата држава, туку мислам дека беше однесување на генерална политика кон грчките инвестиции во последните две години. Што мислам дека беше праведно, зашто на терет на фаворизирање на грчките инвестиции беа запоставени другите инвестиции од другите држави.“