Вашингтон: Постоењето на оружјето за масовно уништување во Ирак не треба да се користи во изборите

Американскиот државен секратер Колин Пауел за Телевизијата Фокс Њуз изјави дека прашањето за постоењето на оружје за масовно уништување во Ирак не треба да се користи во изборната кампања. Обвиненијата на на фаворитот на опозиционите демократи Џон Кери дека администрацијата на претседателот Буш ја измамила јавноста во врска со ова прашање, според Пауел, се негативни за земјата и моралот на американските војници.