Белград: Специјален суд почнува процес за масакрот врз 200 хрватски заробеници

Специјален суд во Србија денеска треба да започне процес против осомничените за масакрот врз 200 заробеници, претежно хрвати, во 1991 година во фармата за свињи во близина на Вуковар. Осомничени се 8 лица, а едниот од нив Мирко Војиновиќ им подлегна на повредите кога пред два месеца, како што е соопштено, скокнал од прозорец во една болница во Србија.