Белград: Нов министер за надворешни работи на СЦГ ќе биде Вук Драшковиќ

Нов министер за надворешни работи на Србија и Црна Гора ќе биде Вук Драшковиќ, независно што некои политички кругови во Подгорица ја сакаат функцијата за себе, изјави синоќа во Подгорица заменик претседателот на Српското движење за обнова Воислав Михајловиќ. Според него, поделбата на министерските места веќе била направена и непочитувањето на овој договор би отворило многу прашања.