Блиски Исток: Хамас најави одмазднички напади

Милитантното палестинско движење Хамас најави одмазнички напади врз Израел откако во текот на ноќта израелската армија изврши рација во два бегалски палестински кампа во областа Газа. Во рацијата наменета за пронаоѓање на палестински милитантни 14 лица се убиени а повеќе од 80 се ранети. Палестински медицински извори соопштија дека меќу загинатите и повредените има деца и цивили.