Скопје: Вонредна седница на владата за измени на Законот за избор на претседател

На денешната вонредна седница владата на Република Македонија ги утврдува измените на Законот за избор на председател на Република Македонија бидејќи постојната регулатива беше несоодветна на уставното решение. На седницата се разгледуваат предлог решенијата доставени од министерството за правда. Претходно уставниот суд на Република Македонија вчера го констатираше престанокот на мандатот на председателот Борис Трајковски.