Анкара: Протести против децентрализацијата и реформите во јавниот сектор

Околу 80 илјади лица демонстрираа синоќа во центарот на Анкара против планот за административна децентрализација и реформи во јавниот сектор. Демонстрациите ги организираше турскиот синдикат на државните службеници поради стравувањето дека децентрализацијата ќе предизвика отпуштање на работниците во јавниот сектор. Станува збор за дел од реформите на турската влада согласно договорот со Межународниот монетарен Фонд за кредит од 19 милијарди долари.