Вашингтон: Директорот на ММФ поднесе оставка

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд Хорст Келер поднесе оставка на таа функција бидејки ја прифати кандидатурата за претседател на Германија. Партиите на конзервативната и либералната опозиција во германскиот парламент го предложија Келер за свој кандидат за шеф на државата. Претседателот на Германија се избира во сојузниот Парламент на секои пет години.