Пекинг: Кина повика да не се даваат изјави за северно- корејската нуклеарна криза

Кина ги повика земјите кои учествуваат на 6-партитните преговори за решавање на кризата околу северно-корејската нуклеарна програма, да не даваат никакви изјави кои би ги влошиле состојбите пред продолжувањето на преговорите, закажани за крајот на јуни. Кина побара од земјите учеснички и што поскоро да формираат работни групи за новата рунда преговори.