Вашингтон: Холбрук оцени дека во блиска иднина на Балканот ќе бидат создадени нови држави

Американскиот дипломат Ричард Холбрук оцени дека во блиска идина на Балканот ќе бидат создадени нови држави. Според него, каков и да биде, тој процес треба да се развива мирно и со водечка улога на меѓународната заедница. Холбрук смета дека Србија мора да сфати дека е неизбежна независноста на Косово, која треба да биде следена со гаранции за безбедност, политички и верски права за србите на Косово.