Париз: Се проверува секој метар на пругите во Франција

Десетина илјади вработени во француската железница го проверуваат секој метар на над триесете илјади километри пруги во земјата. Причина за ваквата голема акција е уцената што пред неколку недели една непозната група и ја упати на француската влада. Оваа група бара да и бидат предадени четири милијарди евра за да ги неутрализира десете бомби за кои тврди дека биле поставени на железничките пруги. Француските власти заканата ја сметаат за сериозна, бидејќи претходно едно писмо од оваа група ја однесе полицијата до местото каде што била поставена бомба на пругата во близина на градот Лимож во централна Франција.