Женева: Трошоците за покривање на последиците од глобалното затоплување може да излезат од контрола

Втората по големина светска осигурителна компанија Свис Ре од Женева предупреди дека трошоците за покривање на последиците од природните катастрофи, предизвикани од глобалното затоплување, би можело да излезат од контрола. Според оваа компанија, економското чинење на ваквите катастрофи ќе достигне и до сто и пеесет милијарди долари годишно. Затоа во извештајот се бара меѓународна акција за намалување на штетните гасови во воздухот и за развој на нови видови енергија.