Багдад: Постојат докази дека Ал Каида стои зад последните напади во Ирак

Команднатот на американските сили во Ирак генерал Џон Абизајд изјави дека постојат докази оти зад последните самоубиствени напади во Багдад и Карбала стои членот на Ал Каида Мусаб ал Заркави. Тој појасни дека разузнавачките информации покажуваат дека тој бил поврзан со ирачани лојални на поранешниот режим. Во меѓувреме, американскиот администратор во Багадад Пол Бремер најави построги мерки на безбедност на ирачките граници.