Приштина: Почнаа разговорите Белград – Приштина на експертско ниво

Денеска почнаа разговорите на експертско ниво меѓу Белград и Приштина за решавање на енергетските проблеми на Косово. Приштинскиот состанок претставува почеток на дијалогот меѓу двете страни, договорен во Виена во октомври минатата година, но и старт на имплементацијата на стандардите за Косово.