Пакистан: Најмалку 13 загинати во стампедо

Најмалку 13 шиитски муслимански свештени лица загинаа во стампедото за време на религиозната церемонија во градот Пара Шинар во Пакистан. Причина за стампедото била паниката предизвикана од исклучувањето на електричната енергија за време на церемонијата. Овој инцидент се случи неколку часа окако 44 лица загинаа, а повеќе од 150 беа ранети во напад врз шиитите од страна на, според сомневањата, милитанти на мнозинството сунитски муслимани во југо западниот град Куета.