Братислава: Хјундаи ќе гради фабрика во Словачка

Компанијата Хјундаи, најголем производител на автомобили во Јужна Кореја, реши да гради фабрика во Словачка. Изградбата ќе започне во оваа година со инвестиција од над 700 милиони евра, ќе се произведуваат околу 200 илјади возила од типот Киа годишно и ќе бидат вработени 2 илјади и 400 работници.