Анкара: Шестмина загинати во земјотрес во јужна Турција

6 лица загинале, а неколку биле повредени во земјотресот со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди јужна Турција. Епицентарот на земјотресот бил во близина на местото Челикан, а биле оштетени неколку куќи во околните села.