Вашингтон: Буш бара што побрзо одобрување на даночните реформи

Американскиот претседател Џорџ Буш побара од Конгресот што поскоро да ги одобри даночните реформи со цел да се отстранат причините за трговските санкции што вчера ги воведе Европската Унија за дел од американските производи. Брисел најави дека ќе ги укине санкциите доколку Соединетите Држави прекинат со даночните олеснувања за извозните компании, кои од страна на Светската трговска организација беа оценети како нелегални.