Белград: Собранието треба да ја избере новата влада

Собранието на Србија на денешната седница треба да ја избере новата Влада во која покрај премиерот и неговиот заменик, ќе има 17 министри. Малцинската влада, на чие чело ќе биде лидерот на Демократската партија на Србија Воислав Коштуница, кој поднесе експозе, ќе биде составена и од претставници на Г-17 плус, Српското движење за обнова и Социјалистичката партија на Србија.