Багдад: Над 120 загинати во серија експлозии

Над 120 лица загинале, а околу 200 биле повредени во серијата истовремени експлозии во ирачките градови Багдад и Карбала за време на масовните шиитски верски церемонии. Според болнички извори, при експлозијата во шиитската џамија во Багдад настрадале најмалку 75 луѓе, а во 5-те екплозии во Карбала загинале над 50 лица. Голем број шиитски муслимани од Ирак, Иран, Пакистан и од други места дошле на верската церемонија во Карбала и во Багдад, која беше забранета за време на владеењето на Садам Хусеин. Сеште никој не ја презеде одговорноста за експлозиите.