Приштина: Командант Чеку се враќа по апсењето во Будимпешта

Командантот на Косовскиот заштитен корпус Агим Чеку денеска ќе се врати во Приштина, откако унгарските власти го задржаа неколку часа на аеродромот во Будимпешта, изјави албанскиот амбасадор во Унгарија Едуард Суља. Чеку бил задржан врз основа на меѓународната потреница што ја распишаа српските власти.