Хаити: Остранетиот претседател во ЈАР, маринци на САД на Хаити

Отстранетиот претседател на Хаити Жан Бертран Аристид денеска пристигна во Централно Африканската Република. Во меѓувреме, на Хаити пристигнаа американските маринци, а во текот на денов тоа ќе го сторат и стотина француски војници. Нивната мисија на Хаити е одобрена од страна на Советот за безбедност на Обединетите Нации. Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека распоредувањето на маринците го наредил со цел тие да бидат водечки елемент во враќањето на редот и стабилноста на Хаити.