Пјонгјанг: Северна Кореа бара промена на непријателскиот однос на САД

Северна Кореја побара промена на американскиот непријателски однос во кризата со нуклеарното разоружување на таа земја доколку се сака успех на следната рунда преговори што треба да се одржат до јули. Извештаите за вчера завршените 4-дневни преговори во Пекинг на кој учествуваа делегации на Кина, Русија, Соединетите Држави, Јужна и Северна Кореја говорат за констуктивен дијалог што резултирал со договор за формирање работна група која во март ќе се обиде да ги реши најжешките прашања околу барањето на меѓународната заедница предводена од Вашингтон за запирање на севернокорејската нукеарна програма.