Газа: Ракетирано возило на палестински милитанти

Во ракетирањето на возилото во кое се наоѓале палестински милитанти во Газа од страна на израелската армија три лица загинале , а 15 се ранети. Медицински извори јавуваат дека меѓу загинатите е и едно дете кое се наоѓало во близина на автомобилот што бил ракетиран. Израелските сили за безбедност се во состојба на зголемена борбена готовност откако разунувачките информации потврдија за планирани терористички напади.