Багдад: Членовите на ирачкиот совет ги продолжуваат разговорите околу нацрт уставот

Членовите на ирачкиот привремен совет ги продолжуваат разговорите околу нацртот на уставот на земјата кој треба да се применува до општите избори. Крајниот рок за усвојување на документот истече вчера . Агенциите пренесуваат за суштински разлики меќу членовите околу текстот на уставот, но и оти постои оптимизам дека тој ќе биде усогласен денеска. Свечената церемонија за негово усвојување е одложена до среда по истекот на исламскиот празник Ашура со кој се одбележува смртта на имамот Хусеин, што за муслиманските шиити е ден на жалост.