Багдад: Ирак апелира за 400 милијарди долари помош за обнова на земјата

Ирак испрати ургенетен апел за 400 милијарди долари помош за обнова на земјата. На донаторската конференција што се одржува во Абу Даби ирачкиот министер за развој Мехти ал Хафид изјави дека оваа сума е неопходна за реализиација на 700 приоритетни проекти годинава. Тој рече дека потребите на Ирак се огроми и ургентни . На конференцијата учествиваат делегации на околу 40 држави и меќународни организации, меѓу кои се и Соединетите Држави, Европската Унија и јапонија, Светската Банка, Меѓународниот монетарен Фонд и Обединетите Нации.