Хаити: Опозицијата го отфрли мировниот план

Опозицијата на Хаити формално го отфрли мировниот план подржан од Соединетите Држави и инсистира на оставка на претседателот Жан Бертранд Аристид, кој вчера побара меѓународна помош за запирање на насилствата. Вооружените бунтовници, кои веќе контролираат половина од територијата на Хаити, се заканија дека во наредните денови ќе го нападнат главниот град Порт-О-Принс.