Пекинг: Почна втората рунда преговори за северно корејската нуклеарна програма

Во Пекинг денеска започна втората рунда 6 партитни преговори за кризата околу северно корејската нуклеарна програма, на кои учествуваат претставници на Соединетите Држави, Кина, Русија, Јапонија, Јужна и Северна Кореја. Американските и севрено-корејските преговарачи ќе имаат и одвоена средба, а помошник државниот секретар Џекмс Кели ја повика Северна Кореја целосно да ја прекине програмата за нуклеарно оружје, повторувајки дека Соединетите Држави немаат намера воено да интервенираат во таа земја.