Вашингтон: Американското министерство за одбрана ќе отвори истрага против Халибартон

Американското министерство за одбрана соопшти дека ќе отвори истрага во врска со обвинувањата дека Келог Браун анд Рут, филијала на американската фирма Халибартон наплаќала повисоки цени за горивото наменето за војниците во Ирак. Халибартон е тексашка нафтена компанија на чие чело до две илјадитата година беше актуелниот американски потпретседател Дик Чејни. Според наводите, оваа фирма со испораката на гориво во Ирак го оптоварила американскиот воен буџет за дополнителни шеесет милиони долари.