Пакистан: Воена акција против припадниците на Ал Каеда

Пакистанските оружени сили денеска покренале воена акција против припадниците на терористичката мрежа Ал Каида и талибанците во областа која се граничи со Авганистан. Агенциите, повикувајќи се официјални извори во Исламабад, јавуваат дека акцијата била со цел да се неутрализираат странските терористи. Пакистанските власти претходно соопштија дека лидерот на Ал Каида Осама Бин Ладен би можело да се крие во граничната област со Авганистан.