Анкара: Посета на Герхард Шредер

Германскиот канцелар Герхард Шредер денеска во Анкара разговара со турските лидери за приклучувањето во Европската Унија и прашањето на поделениот Кипар. Брисел на крајот на годинава треба да се искаже дали Турција направила прогрес во реформите за членство во Унијата. Шредер изрази задоволство од напорите на Анкара за обединување на турскиот и грчкиот дел од Кипар пред влегувањето на островот во Европската Унија на 1 мај.