Техеран: Првични резултати од парламентарните избори

Во Иран се очекуваат првичните официјални резултати од вчерашните контроверзни парламентарни избори. Клучно е прашањето за одзивот, бидејки реформистите ги бојкотираа изборите поради отфрлањето на кандидатурите на околу 2 илјади и 400 про-реформистички кандидати. Доколку го имаат потребниот одзив на гласачите, конзервативците ќе доминираат во Парламентот на Иран. Американскиот Стејт Департмент изрази загриженост поради условите во кои се одржаа изборите.