Техеран: Парламентарни избори во Иран

Во Иран денеска се одржуваат парламентарни избори. Реформистите, кои имаат мнозинство во парламентот на заминување, повикаа на бојкот поради дискфалификацијата на 2400 нивни кандидати од страна на Конзервативниот Заштитен Совет. Поради тоа се очекува мнозинство во парламентот да добијат исламистичките кандидати. Првите резултати се очекува да бидат објавени во сабота.