Москва: 24 загинати при уривање на покривот во воден парк

Според последните податоци бројот на загинатите при уривањето на покривот на водениот парк во југозападниот дел на Москва загинаа 24 лица. Во несреќата повеќе од 100 лица се повредени. Најмалку 4 од загинатите и 25 од повредените се деца што се наоѓале во аквапаркот.Властите ја исклучуваат можноста дека зад уривањето на стаклената купола стои терористички напад и се претпоставува дека таа попуштила под тежината на снегот.