Овен Мастерс, експерт на Советот на Европа. Владата треба многу внимателно да ги ислуша граѓаните за децентрализацијата

Во Македонија сега има околу 120 општини, а владата предлага намалување на околу седумдесеттина. Според вас која е оптималната бројка на општини за Македонија?

Мислам дека важна работа е дека конечниот број на општини е работа на парламентот на Македонија откако ќе ги ислуша мислењата на граганите. Мислам дека логиката во ова е колку повеќе општини има, помалку пари се обезбедувааат за услуги за граѓаните. Најефикасна формула значи е една општина, тоа значи колку повеке општини имате толку помалку пари се распоредуваат и остануваат помалку пари за услугите. Верувам дека Советот на Европа одигра важна улога во 2002 година со експерти локални и меѓународни во развивање на критериуми за општини и мене ми се чини дека владата ги следеше тие критериуми, но во исто време актуелниот број на општини секогаш е предмет на промена откако владата ке ги ислуша лугето.

Вие споменавте дека со помош на Советот на Европа се воспоставени критериуми кои треба да ги исполни една општина. За кои критериуми станува збор за општината да може да одговори на обврските?

Како прво, треба да бидеме сигурни дека општината е навистина локален центар и притоа мислам на центар кој има можности за средно образование, можеби болници, центар каде за луѓето ќе има трговски центри, или каде може да најдат вработување. Кога го имате тој центар и околните области можат да се вклучат во тој центар, тогаш можете да видите дека тие можат да функционираат на тој начин.

Во околу триесеттина општини се одржаа рефендуми на кои граѓаните се изјаснија за неменување на општинските граници. Според вас треба ли владата да ги почитува овие резултати?

Да, се разбира дека владата треба многу внимателно да ги ислуша граѓаните што кажуваат и морам да кажам дека сум импресиониран од интересот на граѓаните на Македонија што го имаат во целиот овој процес. Европската повелба за локална самоуправа која Македонија ја потпиша и ја ратификуваше јасно укажува дека кога се во прашање општинските граници граѓаните мора да бидат консултирани по можност со референдум. Во земјава тоа и се случи во повеќе од 30 општини досега и сега членовите на парламентот не само на владата треба да ги ислушаат граѓаните и да одлучат кои промени се потребни во првиот предлог.

Што мислите пак за иницијативата за одржување на референдум за неменување на општинските граници, но на државно ниво?

Јас не верувам дека ова е начин да се реши реогранизацијата на локалната самоуправа. Верувам дека е сосема погрешно за луѓето во Скопје да гласаат на пример какви би биле општинските граници во некои општини кои се во други делови на Македонија, како на пример јужниот дел, западниот и слично. Вакви референдуми треба да се одржуваат во општините, не на национално ниво, зборуваме за општини во земјата и власт на локално, а не на државно ниво. Не мислам дека е паметна идеја да се решава за општинските граници на национален референдум. Почитувајќи го фактот дека Уставот ја предвидува оваа можност тоа можеби е добро, но фактот тоа да се користи за општински граници не верувам дека е вистински начин.

Во јавноста се говори дека во предлог законот за територијална поделба има етничка основа на законот. Што мислите вие за ова и доколку постои какво би било влијанието врз Македонија?

Јас не верувам дека има. Се разбира секогаш може да се менуваат работите или да се наведат лугето да мислат дека има етничка причина за реорганизацијата на општините. Мислам дека е многу тажно што во некои една или две области етничкиот момент надвладеа. Но, она за што говориме е административна реформа на локалната самоуправа и тоа нема врска со етницитетите и верувам дека ако лугето ги погледнат критериумите и капацитетите на општините кои се предложени тие можеби нема да се противат. Мислам дека ако постои овој момент тоа е многу несрекен момент и тоа нема да помогне во овој процес. Луѓето треба да се фокусираат повеке на тоа кои услуги ке ги понуди општината, отколку на етничката основа. Јас сфаќам дека има силни чувства кај луѓето во општините кога мнозинското население се менува, но повторувам дека ова не треба да се користи како основа за децентрализацијата. Идејата на децентрализацијата е обезбедување на услуги за граѓаните. Според мене поголемите општини можат да обезбедат поефикасни услуги бидејки тие имаат на пример поголем административен капацитет, но во исто време тоа мора да биде општина со која лугето би се идентификувале.

Како би ја оцениле состојбата со човековите права во земјава?

Мислам дека ситуацијата контиуирано се подобрува, а Советот на Европа контиуирано ја следи состојбата и е подготвен да помогне во било која област за да се подобри ситуацијата. Јас сум во земјава од 2002 година и оттогаш има само подобрување. Но, се разбира дека секогаш може повеке да се направи и тоа во секоја земја во Европа, а тоа е случај и со Македонија.

Многу граѓани поднесуваат апликации пред Европскиот суд за човековите права, но праксата покажува дека многу од нив Судот воопшто не ги ни разгледува?

Мислам дека ако се одбиваат случаите тоа е понекогаш затоа што можеби не е исцрпена целата процедура во сопствената земја, понекогаш нема ни основа во случаите, но можам да ве уверам дека Европскиот суд за човекови права сериозно ја разгледува секоја апликација. Понекогаш е долг процесот што треба да помине и се извинуваме поради тоа, но централно е дека секоја пресуда доага само по целосно разгледување на сите докази.

Има низа забелешки за должината на судските процеси кои се водат пред македонското судство, што мислите дали тоа е случај само во земјава или пак воопшто затоа што како што споменавте тоа може да се каже понекогаш и за стразбуршкиот суд?

Правните процеси во сите земји не се доволно брзи колку што би сакале ние и мислам дека тоа е нешто што сите се обидуваме да го подобриме во секоја земја во Европа. Оние во кои процесите се побавни треба да најдат начин низ реформите на судските органи да се забрзааат. Но, во исто време треба да бидеме внимателни да се осигураме не само дека правдата е остварена, туку дека граѓаните ќе го забележат тоа.

Генерално како ги оценувате реформите кои се спроведуваат во земјава?

Мислам дека владата во последните 2, 3, 4 години навистина направи многу. Но, мислам дека има уште многу што треба да се направи. Јас сметам дека една од најважните области која треба да се нагласи е состојбата во областа на економијата, затоа што е најголемиот предизвик за Македонија. Треба да се создаде економија која ќе овозможи нови вработувања на млади луге, а во исто време таа да не биде само за одреден период ефикасна, туку континуирано. Ова е следнтата област во која владата мора да стави акцент. Како прво во ова може да помогне процесот на децентрализацијата, бидејќи развојот на локалните економии може најдобро да се направи од локалната власт, а не преку министерствата за труд и социјала, или за транспорт. Локалната власт ги знае можностите и приликите. Се надевам дека по 2005 година откако ќе се оформат новите општини без разлика колку и да бидат ке придонесат во оваа насока. Во моментов е многу сложена процедурата во случај ако локалната власт се вклучи во оваа работа. Уште една област која пак може да даде побрзо резултати е развојот на меѓународниот туризам. Македонија има многу што да понуди на странските туристи. Хрватска разви на пример одличен туризам, Црна Гора сега работи на тоа. Верувам Македонија дека со езерата, планините и посебната околина може да развие туристичка економија и да не ја заборавиме се разбира богатата архитектура на древна Македонија.