Доњец: Две лица загинаа во експлозија во продавница

Украинското министерство за вонредни состојби соопшти дека денеска две лица загинале, а петмина биле повредени во експлозија што се случила во една продавница во градот Доњец, во источниот дел на земјата. Меѓу повредените имало и три деца. Се уште не е утврдено што ја предизвикало експлозијата.