Пекинг: Над милион зависници од дрога во Кина

Кинеските државни медиуми денеска соопштија дека во земјата има над милион зависници од дрога, а околу 70 насто од нив се под 35 години. Државната комисија за контрола на наркотиците оцени дека Кина трпи големи економски загуби поради ширењето на дрогата, која најчесто доаѓа од Тајланд, Лаос и Авганистан, како најголем производител на опиум.