Москва: Руската државна телевизија отстапила премногу време за предизборното обраќање на Путин

Претседателот на Руската изборна комисија, Александар Вешњаков оцени дека државната телевизија му отстапила преголем простор на вчерашното предизборно обраќање на претседателот Владимир Путин. Против-кандидатите на Путин за претседателските избори реагираа дека со екстензивниот телевизиски пренос на говорот на Путин се нарушени изборните правила.