Сеул: Јужна Кореа ќе испрати три илјади војници во Ирак

Парламентот на Јужна Кореја денеска го одобри владиниот предлог за испраќање 3 илјади војници во Ирак кои треба да помогнат во обновата на таа земја. Јужно-корејските трупи треба до крајот на април да бидат распоредени во градот Киркук.