Приштина: Косовската влада одбива да разговара за техничките прашања

Косовската влада одбива да разговара за техничките прашања со координативниот центар за Косово, предводен од вицепремиерот Небојша Човиќ. Ова синоќа го соопшти портпаролот на косовската влада Мимоза Куасари. Таа прецизираше дека Приштина нема ништо против разговори со Белград, но само доколку тие бидат на владино ниво.