Техеран: 25 години од исламската револуција

Во Иран денеска се одбележува 25 годишнината од исламската револуција и симнувањето на монархијата на шахот Реза Пахлави. Десетици илјади луѓе парадираат во Техеран во знак на подршка на исламскиот режим. Настанот, како што јавуваат агенциите, е сепак во сенка на кризата поврзана со одбивањето на 2 илјади реформистички кандидати да учествуваат на парламентарните избори идната недела.