Газа: Најмалку шест Палестинци загинаа во престрелка со израелската армија

Најмалку 6 палестинци загинале, а 10 се ранети во престрелките со израелската армија во Газа, јавија агенциите. Според израелската војска која била во потрага по милитанти одговорни за ракетен напад врз еврејска населба, тие возвратиле на истрелана ракета врз нивен тенк. Во друга операција на израелската армија во Рафа во близина на границата со Египет во потрага по тунелите преку кои, според Израел се шверцува оружје, се ранети 3 палестинци.