Кабул: Бројот на припадниците на Ал Каида и талибанските герилци во Авганистан помал од илјада

Бројот на талибанските герилци и припадниците на Ал-Каида во Авганистан е помал од илјада. Ова денеска го соопшти американскиот генерал Џејмс Џонс по еднодневната посета на Авганистан. Џонс рече дека оперативната моќ на талибанците и припадниците на терористичката мрежа е драматично намалена.