Москва: Ден на жалост

Во Москва денеска е ден на жалост за жртвите на експлозијата во Московското метро. Во експлозијата што се случи во петокот загинаа триесет и девет луѓе, а стотина беа повредени. Полицијата, како што јавуваат агенциите, се уште истражува дали станува збор за самоубиствен напад или за несреќен случај. Досега ниту една организација не ја презеде одговорноста.