Белград: Продолжува судењето на обвинетите за атентат на Ѓинѓиќ

Денеска во Белград продолжува судењето на обвинетите за убиството на српскиот премиер Зоран Џинџиќ и за уште неколку тешки кривични дела. Ова судење беше прекинато на дваесет и петти минатиот месец откако беше прочитан исказот на второбвинетиот Звездан Јовановиќ во кој признал дека го извршил атентатот врз Џинџиќ. Меѓу обвинетите е и Милорад Луковиќ Легија кој е во бегство, како и уште неколкумина припадници на таканаречениот земунски клан.