Белград: САД загрижени поради можноста српската влада да се формира со поддршка на социјалистите

Соединетите Држави изразија загриженост поради можноста новата српска влада да биде формирана со поддршка на Социјалистичката партија на Србија. Официјален Вашингтон оценува дека таквата би била нестабилна. Стејт Департментот исто така објави дека се противат на отворањето на проблемот околу конечното решавање на статусот на Косово во овој момент. Вашингтон повтори дека сега треба да се работи на постигнувањето на стандардите пред се во врска со мултиетничноста на Косово.