Вашингтон: Буш се очекува да наименува членови на комисијата за испитување на разузнавањето

Американскиот претседател Џорџ Буш се очекува денеска да ги наименува членовите на владината комисија која ќе ги испита, како што јавуваат агенциите, американските разузнавчки грешки за ирачките воени способности. Се дознава дека републиканскиот сенатор Џон Мекејн ќе биде претседател на таа комисија, од која пак, не се очекува да го изготви извештајот пред американските претседателски избори во ноември годинава. Вчера директорот на ЦИА Џорџ Тенет изјави дека неговата агенција никогаш не тврдела оти ирачкото оружје претставува непосредна закана за Соединетите Држави.